Секс и порно, меѓу топ пребарувања од децата

{mosimage} YouTube, Google, Facebook, секс, Мајкл Џексон, порно … ова се меѓу најпопуларните термини пребарувани на интернет од малолетните, вели Symantec кој ги собрал податоците од нивниот OnlineFamily.Norton сервис кој прегледал 3.5 милиони пребарувања од фебруари 2008 до јули 2009 година.

Ова е листата на топ 10 пребарувани зборови од помладите.

  • YouTube
  • Google
  • Facebook
  • Секс
  • MySpace
  • Порно
  • Yahoo
  • Мајкл Џексон
  • Фред
  • eBay

Дали сте изненадени што „секс“ и „порно“ се меѓу најбараните термини од децата? Или за тоа дека подолу на листата од 100 најбарани термини, се наоѓаат анатомските делови од телото поврзани со сексот?

За истражувачите ова е нормална работа.

„Секој од нас кој бил тинејџер не е изненаден дека децата бараат информации за сексот. Мислам дека сите го изживеавме шокот дека на интернет има порно.“ вели Марија Мерит, безбедносен експерт на Symantec.

Тоа што за истражувачите е интересно, е начинот на кој децата пребаруваат. YouTube не за џабе е на првото место.

„Децата го користат YouTube како појдовна точка во своето истражување бидејќи тие сакаат да го визуелизираат, да го видат тоа што ги интересира, со што полесно учат и ги разбираат работите.“ вели г-ѓа. Мерит која вели дека е потребно родителита да знаат како интернетот работи и да видат „што е нормална, а што ненормална активност“ со цел да обезбедат безбедна околина за своето дете.

За родителите, еве неколку линкови кои можат да и дадат информации и некој совет за да му обезбедите на вашето дете побезбеден интернет.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии