Секогаш подготвени за административни процедури и постапки со Мој документ

Мој документ е македонска апликација која ќе ве подготви за потрагата низ административните лавиринти. Апликацијата е дело на Ротаракт клуб Широк Сокак Битола и на него работеа околу една година.

Она што е најдобро во апликацијата е едноставноста за користење. Ниту една процедура не е повеќе од два клика оддалечена од корисникот, што не секогаш е едноставно да се направи.

Во апликацијата се достапни административните процедурите за шест институции кои корисниците најчесто ги контактираат. За овие шест институции внесени се 40 различни административи постапки, со сите процедури, потребни документи, па дури и жиро-сметки и прифатливи начини за плаќање.

Институции за кои процедурите се достапни во моментов:

  • Основен суд
  • Фонд за здравствено осигурување
  • Министерство за внатрешни работи
  • Агенција за катастар и недвижности
  • Управата за водење на матични книги
  • Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија.

Апликацијата овозможува корисникот потребните документи да си ги испрати на електронска пошта или да ги испечати.

Верзии на апликацијата истовремено се направени и за Android и за iOS, апликациите се достапни за преземање од App Store и од Google Play. Развивачите најавуваат дека наскоро ќе бидат додадени уште три нови иституции.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии