Сега и вештачката интелигенција на Amazon може да препознава слики, и тоа доста добро

По Google, Facebook и Microsoft сега и Amazon има вештачка интелигенција за препознавање на слики. Новата функционалност е надградба на досегашноста функционалност Prime Photos.

Новиот сервис Amazon Rekognition за дел од сликите е супер прецизен. Tака за разлика од другите кои ќе ви кажат дека на сликата има куче, Amazon ќе ја „погоди“ и расата. Засега сервисот нуди можност за проверка на дел од функционалностите преку тест период. За дел од фотографиите кои се поминати низ првиот чекор, не само што  препознава што има на сликите,  туку препознава во детали, пример домашно милениче, куче, златен ретривер.

Компанијата најавува дека API-то за препознавање ќе им биде достапно на сите корисници на AWS серверите. Ова ќе овозможи корисниците да си додадат сопствена функционалност на своите страници. Така некои ќе можат да си додадат препознавање на ликови, споредба и пронаѓање на ликови и слично. Додавањето на услугата на веб-страниците е бесплатна, но за секоја од анализираните слики ќе се плаќа.

Amazon Rekognition е достапна во мал број региони. Засега функционалноста е единствено достапна во Орегон, Северна Вирџинија во САД и Ирска. Заедно со можноста за препопознавање на слики, Amazon ги презентира: Amazon Polly, функционалност која изговора текст; и Amazon Lex, алатка за креирање на конверзациони чет-ботови.

rk_jb_cb_faces_1

rk_luna_is_a_dog_1

1 коментар на “Сега и вештачката интелигенција на Amazon може да препознава слики, и тоа доста добро

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии