Facebook Messenger сega e поинтересен од Skype

Facebook најави видео разговор на Facebook Messenger, претварајќи ја оваа апликација во сериозен конкурент на Skype, иако судејќи по бројот на корисници Messеnger има завидни 600 милиони корисници. Најголема предност се разбира е бројката на корисници, и тоа дека речиси сите кои ги познавате веќе се присутни на друштвената мрежа.

Како што е случај и со останатите апликации, започнувањето на видео разговор е супер едноставно. Се што треба да направат корисниците е да одберат видео разговор и со притисок на едно копче разговорот може да започне. Апликацијата овозможува и видео разговор помеќи корисници на различни платформи, па можни се разговори помеѓу корисници од различни платформи, разговори помеѓу iOS, Windows Phone и Android можат да разговараат помеѓу себе.

Апликацијата иако е достапна од денес, корисниците од Македонија нема да можат да ја користат веднаш и ќе мора да почекаме да биде додадена во листата каде е овозможена видео комуникација. Првите држави во кои може да се прават видео разговори се: Белгија, Канада, Хрватска, Франција, Грција, Ирска, Лаос, Литванија, Мексико, Нигерија, Норвешка, Оман, Полска, Португалија, Велика Британија, САД и Уругвај.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии