Сега сите може да твитаат во 280 карактери

Twitter ги крена ограничувањата и на своите корисници сега им овозможи да твитаат подолго. Новото ограничување од 280 карактери го објави Џек Дорси на микроблогот.

Промените доаѓаат по двомесечен тест период кој покажал дека подолгите твитови имаат повеќе интеракции од корисниците. Анализата на ограничените тестови вели дека долгите твитвои имаат повеќе ретвитови, допаѓања и коментари. Од микроблогот се надеваат дека сега корисниците не само што ќе твитаат подолго, туку ќе твитаат и повеќе.

Претходно Twitter го крена лимитот откако престана да ги брои имињата споменати во твитовите, прикачените гифови, сликите и видеата. Кога лимитот беше 140 карактери, 9% од корисниците го користеа до последна буква. По подигањето на лимитот, само 1% од твитовите стигаат до максималната граница, вели Ализа Розен од Twitter.

Тестовите покажаа дека иако можноста за долги твитови е присутна, корисниците ретко ја користат. Само 5% од споделените твитови биле подолги од 140 карактери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии