Сега секој може да направи своја друштвена мрежа со AI хардверот на Facebook

Facebook го отвора дизајнот на својот AI хардвер и со тоа овозможува на секој кој е заинтересиран, да креира сопствена друштвена мрежа со помош на вештачка интелигенција.

Новиот хардвер е наречен BigSur е дизајниран за Open Compute Project и доаѓа со 8 графички процесори кои при полн товар трошат по 300W електрична енергија. BigSur е двапати побрз од неговиот претходник, а тоа значи дека може да тренира двапати побрзо и да истражува двапати поголеми мрежи. Ова на социјалната мрежа и овозможи да ја зголеми мрежата и брзината за два пати, објаснуваат инжинерите на Facebook.

За негова инсталација е потребен единствено шрафцигер и е типичен пример за отстранување на сите непотребни елементи. Ова не се однесува само на надворешноста, Facebook ги отстрани сите компоненти кои може да се расипат, а хардверот како матична плоча или хард-диск може да се замени за неколку минути.

Неодамна и Google го отвори TensorFlow за јавноста, а и Microsoft го отвори Distributed Machine Learning Toolkit. Со ова корисниците ќе можат самите да користат вештачка интелигенција за свои потреби, а големиот број на креатори ќе значи и побрз развој.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии