Сега робот ќе ве победи и во фудбалче со рачки

Како да не е доволно што автономни возила сами ќе возат по улиците; Alpha Go го победи шампионот; Watson победи во Jeopardy; а сега тим од Швајцарија креираше робо-маса за фудбалче.

Масата е креирана од студенти на универзитетот во Лозана, кои продолжуваат со развојот. Рачките се поместуваат со линеарен електричен мотор, а друг мотор се користи за нивно завртување. „Мозокот“ на масичката започнува со камера која може да слика над 200 фотографии во секунда, а потоа ги препраќа овие податоци до процесорот. Компјутерот управува и издава команди на моторите и играта може да започне.

„Во овој момент системот е како билдер со минијатурен мозаик. Како додаток на силата, сакаме да овозможиме роботот да може да креира лажни движења, да ги избегнува фудбалерите и да ги предвиди движењата на топчето и позициите на соиграчот.“, вели Кристоф Салцман.

Следните подобрувања ќе бидат користење на ласер-сензори кои ќе можат да ги вчитаат позициите на рачките и да ги пратат до процесорот. Финалната верзија на машината ќе овозможи компјутерот да игра сам против себе, пренесува Motherboard.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии