Сега на Twitter може да пишувате повеќе од 140 карактери, во DM пораки

Веќе може неограничено да зборувате на Twitter, откако друштвената мрежа и официјално го отстрана ограничувањето од 140 карактери во директните пораки. Најава со кревање на лимитот на карактери пристигна во јуни, заедно со враќањето на основачот Џек Дорси, кој се враќа во Twitter по успешеното стартување на Square.

Лимит сè уште постои, но овојпат е 10.000 карактери што навистина е доволно за се што имате да кажете. Надвор од приватните пораки лимитот од 140 карактери останува, што е и нормално со оглед на тоа дека кусите пораки се она што го прави Twitter поинаков и позабавен од останатите социјални платформи. DM пораките (direct messages) освен што се користат за приватна преписка помеѓу пријателите на јавна мрежа, од неодамна има можност и за групна комуникација, се користат и за приватна комуникација помеѓу брендовите и нивните клиенти.

„Нашите корисници сега имаат можност за флексибилност и да пишуваат подолги пораки и да се изразуваат на поприроден и попријатен начин“, вели Сачин Агарвал од Twitter, пренесува CNet. Иако пораките најавени во јуни веќе се имплементирани, вториот дел односно пронаоѓање на соодветен кандидат за директор на компанијата сè уште не е завршен. На чело на Twitter во моментов е Џек Дорси, но само додека не биде пронајдена негова замена. Кој и да дојде на чело на компанијата ќе има вистински предизвик да се приближи до Facebook, кој има речиси 5 пати повеќе корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии