Сега можете да unlike Facebook страна преку фидот за вести

Имено, до сега за да unlike една фан страна, пример не ви се допаѓа што постираат, ве спамира и други X причини… ќе требаше да отидете на самата страна да скролнете надолу и во најдело на левиот бар, во ќоше, ќе ја најдевте unlike опција.

Сега, тоа може да го направите веднаш од вашиот стрим. Секој Facebook пост кога ќе се појави кај вас во стримот во десниот горен ќош има X копче кое ви нуди опции да скриете постови од тој корисник, или да ги одбележите како спам. Сега на секој пост од фан страна во X копчето ќе ја најдете и опцијата за unlike (не ми се допаѓа).

За корисниците придобивката е очигледна – помалку малтретирање. За фан страните пак ова значи дека ќе треба да се потрудат повеќе со своите постови токму поради лесната можност да се unlike една страна. Ако на корисникот не му се допадне еден пост тој веќе нема да го игнорира заради што треба да се малтретира и да менува страни, туку едноставно ќе кликне на X и во исто време ќе остане на стримот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии