Сега може да си направите свој мобилен прелистувач базиран на Chrome for Android

Кодот на Google Chrome за Android сега е речиси целосно достапен за сите кои сакаат да допринесат во развојот на прелистувачот или да го искористат како основа за креирање на сопствен прелистувач. Веста на Reddit ја објави инженер кој работи на Chrome за Android, а кодот е достапен на Chromium repository.

Дел од кодот кој нема да биде достапен се однесува на рекламите и начинот на кој Chrome за Android се интегрира со Google профилот на корисниците. Овој дел од кодот всушност се однесува на начинот на кој Google заработува преку рекламите односно изборот на реклами кој ќе му бидат презентирани на корисникот, па не е изненадување што Google сака да го задржи во тајност.

Со оглед на тоа дека по објавувањето на десктоп верзијата на Chrome се појавија алтернативи на прелистувачот како Оpera и Vivaldi, нема да биде изненадување доколку Google Play се преплави со нови прелистувачи базирани на Chrome.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии