Сега може да се логирате на MySpace со Facebook профил

Битката меѓу двете друштвени мрежа заврши кога Facebook започна да расне со неверојатна брзина, сега достигнувајќи над 500 милиони корисници, додека MySpace остана на своите oколу 100 милиони.

Но, уште додека беа во рововите, додека се уште беше конкурент, MySpace се одлучи да ја смени стратегијата и да се фокусира на забавната индустрија, на содржина за музика и филм. Од неодамна MySpace го редизајнира својот сајт и го смени логото во My_____, уште повеќе нагласувајќи дека тие се сајт за забавна содржина, а не „класична“ друштвена мрежа.

Со Facebook Connect корисниците на MySpace ќе можат да си поврзат профилите од двете друштвени мрежи, пред се синхронизирање со Facebook интересите. Пример, Facebook Like и интересите ќе бидат поврзани со релевантни MySpace профили, видеа и друга содржина како музика, познати ѕвезди и филмови, ќе се добијат препораки во реално време овозможувајќи откривање на нови профили…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии