Сега може да придонесете кон Wikipedia и преку мобилен телефон

Онлајн енциклопедијата објави дека сега може да се едитираат написи и преку мобилен телефон. Целта, вели Wikipedia, беше да се креира прва верзија која ќе биде брза и интуитивна алакта за едитирање за да може да се види што им треба на корисниците и кои се нивните очекувања.

Причината за мобилниот едитор е статистиката која вели дека 15 отсто од читателите ја отвараат енциклопедијата преку мобилен телефон. Има околу 3 милијарди прегледи на страни месечно преку мобилната верзија. Wikimedia, организацијата зад онлајн енциклопедијата, вели дека ова е прва верзија на мобилниот едитор која ја правеле за што е можно повеќе уреди, и дека се бара фидбек од корисниците за да може да ја подобрат во иднина. За да едитирате преку мобилен ви треба профил на Wikimedia.

Па, наместо да дремете на Facebook, активирајте се и споделете го знаењето. Википедија на македонски во моментов брои околу 73.000 написи, а вие може само да помогнете таа бројка и квалитет да пораснат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии