Сега може да пиратирате iPhone апликации без jailbrеak, но за претплата

Zeusmos e нов пиратски сервисо кој овозможува да се крадат пиратираат апликации за iPhone без да се декодира (jailbrеak) телефонот. Но, ова Zausmos не го прави заради тоа што ја сака „слободата“, туку бидејќи сака да заработи. Сервисот наплаќа претплата според број на симнати пиратирани апликации. Доколку имате декодиран телефон, тогаш апликациите се бесплатни.

Интересно, Zeusmos е сервис направена од 15-годишен програмер кој го има стартувано пиратскиот InstaSign сервис наменет само за Mac компјутерите, пишува The Next Web. Во моментов не се знае како успева да инсталира пиратирани апликации на недекодиран телефон, но The Next Web се сомнева дека е поврзан со UDIDRegistrations.com од каде ги продава сертификатите за да инсталира „бета“ апликации без DRM, одосно без заштитата за авторски права. Ваквото продавање на UDID броеви на наводни бета тестери е забрането од Apple.

Веднаш штом на сервисот беше посочено со прст, 15-годишниот креатор на Zeusmos прати изјава до The Next Web во кое се вели дека ќе има промени во сервисот за да мотивира „отворен развој“, а не пиратерија. Според него, целта на сервисот е да ги дистрибуира апликациите кои се одбиени од Apple App Store.

Втор ваков сервис кој нуди пиратирани апликации на недекодирани iOS уреди, но е комплетно бесплатен, е кинескиот Kuaiyong. Ово сервис всушност инсталира преку десктоп апликации кои имаат корпоративна лиценца од Apple која дозволува апликации да се користат на повеќе уреди. Но, најверојатно е дека апликациите се дистрибураат до илјадници корисници со исти кодирани акредитиви. Според безбедносните експерти, ова може да биде добар начин за ширење на малициозен софтвер на iOS уреди. Иако апликациите се лимитирани со sandbox, сепак може да се креира специјализиран малициозен софтвер кој ќе собира информации и активност од уредите.

Сепак, постои голема шанса Apple наскоро да преземе нешто во врска со овие сервиси со цел да ги заштити програмерите кои сакаат да заработат од своите апликации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии