Сега може да отстраните куп апликации од Facebook наеднаш

Дејан Соколоски

во Вести

Facebook одлучи да им овозможи на корисниците наеднаш да отстранат повеќе апликации од трети производители. Промената доаѓа по скандалот со Cambridge Analytica, па изгледа дека корисниците сега се малку посвесни за опасностите по приватноста од споделувањето на податоците со премногу апликации.

Она што го овозможува новата функционалност е корисникот може да одбере повеќе апликации и истовремено да ги отстрани. Уште подобро, друштвената мрежа може и автоматски да ги отстрани постовите од овие апликации, јави TechCrunch.

Токму ова беше еден од „dark patterns“ за кои пишува Горјан Јовановски во својот пост. Со додавање на оваа функционалност се олеснува работа на корисниците, а тоа е чекор во вистинска насока. Отстранувањето на повеќе апликации наеднаш на корисниците ќе им помогне не само да заштедаt време, туку и навистина да ги отстранат апликациите кои користат податоци. Можеби и поради здoдевноста и повторувањето, еден дел од корисниците не го користеа претходното решение за отстранување апликации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии