Сега може да купите уште поевтин Raspberry Pi

Откако основниот модел на Raspberry Pi се покажа како полн погодок, фондацијата одговорна за мини PC-то излезе со нова поедноставна и уште поевтина варзија која чини само 25 долари.

Новиот Raspberry Pi – Model A има помалку меморија и нема мрежен приклучок, но затоа енергетската ефикасност му е значително подобрена, што овозможува да се напојува од соларни панел, но го прави и значително погоден за  проекти каде ќе со користи за регулирање на издвоени сензори и во роботиката. Моделот A користи само една третина од енергијата која ја користи моделот B. И покрај ова, најавено е дека фондацијата веќе работи и на нов софтвер кој дополнително ќе ја намали потрошувачката.

Новиот Raspberry Pi доаѓа речиси истовремено со објавувањето на инвестирањето на Google во овој проект. Цената на овој модел на Raspberry Pi e 25 долари, првично е достапен само во Европа, но наскоро ќе биде достапен насекаде.

[youtube]rpWUBwGy7jY[/youtube]

8 коментари на “Сега може да купите уште поевтин Raspberry Pi

  1. Raspbery PI е многу интересен проект за сите копмпјутерски ентузијасти, ама за да порачаш едно и да ти стигне кај нас треба да пројдеш низ "сито и решето" и во најдобар случај ќе те кошта околу 60 евра. Стандардната испорака оди преку DHL што не е скапа и доста брза, ама по некоја чудна логика нашиве царинарници ваквите парчиња решиле дека треба да се царинат. Е сега не е проблем што се плаќа царината од 10% и плус данок од 18% туку треба си најдеш шпедиција која ќе ја среди цела таа постапка и ке си наплати за нивните услуги. Бидејќи DHL ја прави испораката истите нудат и шпедитерски услуги кои чинат околу 3500 ден. Можеш да си најдеш твоја шпедиција(со врски) која ке ти ја среди постапката за 10 евра но очекувај еден куп заебанции од DHL затоа што не ги користиш нивните услуги.

    P.S. Зборувам од лично искуство и знам неколку луѓе кои што се откажаа од raspberry-то кога им пристигна тука поради пороцедурата.

    1. Raspberry Pi Type B Single Board Computer 512MB27.40€
      Raspberry Pi Type B Case – Clear5.06€
      Standard Delivery (Despatch expected within 1 week(s))6.28€
      Order total 38.74€
      пристигна за 10 дена со DHL

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии