Сега може да jа споделите вашата љубов преку новите Facebook страни за парови

Facebook стартува страници за парови. Наместо паровите да отвараат профили со двојни имиња, сега ќе имаат своја страна каде ќе можат да ги закачат сите свои слики за целиот свет да ги види, или само неколку пријатели. Доколку имате означено дека сте во врска и сте го тагирале партнерот, тогаш вашата страна ќе ја видите на Facebook.com/us. Друштвената мрежа полека ја стартува оваа фунцкионално, па може ќе треба да помине малку време за да се појави и кај вас. И да, Facebook си зема за слобода да креира таква страна без ваша дозвола.

Страните за парови наликуваат на… хм… страните за брендови. Има можност за објавување на постови, слики на кои и двајцата заљубени се тагнати, настани и благодарение на маркетингот на Facebook, ќе може да се плати за да се промовираат постовите, пример да се промовира роденден на дете, годишница итн.

Страните за парови се различни, иако развиени, од Facebook Friendship страните кои постојат веќе две години. Преку овие страни се покажува интеракцијата помеѓу вас и вашите пријатели. Facebook сака да ги чува овие интеракции за маркетинг таргетирање, но и е добро за корисниците да можат да се навратат на некои добри моменти. Исто тоа се прави и со пораките преку мрежата кои се архивираат. За да ги видите Friendship страните отидете на профилот на пријателот, кликнете на опциите и потоа на See friendship.

Фан страните за парови ќе бидат како нови профили, нови јавни или приватни страни каде луѓето ќе можат да ви ја следат врската. Ок, овие фан страни се до некаде во ред за брачните парови. Како во брачна заедница, имате приватен простор (свој профил) и имате простор во кој си ги покажувате своите, пример, слики од заедничките патувања. Тоа е разбирливо. Но, како ќе реагираат бројните млади луѓе кои често менуваат партнери? Секако дека поголемиот дел од нив ќе отворат своја заедничка страна, но што потоа? Дали тој профил ќе ја отсликува вистински нивната врска, бидејќи не секој ќе сподели куп фотографии. На крај, дали ќе ја избришат страната заедно со сите лајкови и коментари? Тоа звучи како џабе потрошено време. Всушност, кога сме кај трошење на време, заборавив дека се работи за Facebook.

1 коментар на “Сега може да jа споделите вашата љубов преку новите Facebook страни за парови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии