Благодарение на HTML5, оригиналната Starcraft може да се игра на прелистувач

Една од најпопуларните игри на Blizzard, популарната стратегија Starcraft благодарение на напорите на еден од фановите на играта е достапна за играње преку прелистувач, благодарение на HTML5. Креаторот на играта, познат како Ryuta го сподели кодот за играта нa Github. За сега верзијата е далеку од завршена и често заглавува или се однесува чудно, најчесто не како што планирате. Сепак играта функционира, а може да ја пробате овде.

За жал Blizzard е прилично ажурен кога се во прашање нивните авторски права, а во играта се употребени моделите и звуците од оригиналот, па најверојатно страната нема да биде достапна подолг период, но доколку побрзате ќе може да се потсетите на оваа навистина фантастична игра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии