Сега може да им поделите улоги на администраторите на Facebook страни

Друштвената мрежа ја стартуваше опцијата со која може да се постават пермисии на различните администраторите кои водат една страна, пишува InternetMarketing.com.mk.

Со оваа новина Facebook конечно ќе го реши проблемот што дозволува било кој администратор лесно да ја киднапира страната од сопственикот. Новата опција овозможува да се постават 5 различни улоги на администраторите со кои може да им се ограничи пристапот на фан страната. Улогите ќе овозможат да им се дадат одредени одговорности на различните администратори, но во исто време и сопственикот на страната ќе се осигура дека администраторите нема да го нарушат нормалното функционирање.

За да се подесат улогите, потребно е да го отворите Admin Panel на фан страната, во Manage менито да го отворите Settings и да ги подесите Admin Roles.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии