Сега ќе може да се логирате со Google+ на мобилни апликации и веб сервиси

Google+ претстави „поедноставна и побезбедна“ опција за логирање на разни апликации, без разлика дали се тоа Веб, Android или iOS апликации. Sing in with Google Plus е иста опција каква што до сега нудеа Facebook и Twitter. Пример, наместо да се регистрирате на апликации, сега може да се логирате на таа апликација со вашиот Google+ профил. На почеток Google+ Sign-in ќе биде достапно само со одредени партнери на Google, а постепено ќе биде достапно за сите развивачи.

Google+ Sign-in е од корист на корисниците и развивачите бидејќи се поедноставува процесот на пристап до апликацијата. Покрај брзото логирање, сега штом ќе се логирате на декстоп апликација, Google ќе ви понуди опција да ја симнете Android верзијата само со еден клик. Ваквиот начин на дистрибуција на апликацијата сигурно ќе им се допадне на развивачите чиј сервис е наменет за различните платформи.

Секако, оваа опција ќе му помогне на Google да ја промовира својата друштвена мрежа. Корисниците кои ќе бидат логирани преку Google+ профилот ќе можат брзо и лесно да споделат содржина на друштвената мрежа. За подобра приватност, ќе може да се изберe со кои кругови на пријатели сакате да ја споделите содржината која ќе биде интерактивна, односно пријателите кои што ќе кликнат на неа ќе бидат однесени до самата апликација. Ова е уште еден начин на дистрибуција на апликацијата, и уште еден бенефит за развивачите.

[youtube]vydTPnIjAHI[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии