Сега ќе може да додадете Like копче и во мобилните апликации

Facebook конечно го објави копчето со кое ќе може да се споделуваат содржини директно од мобилните апликација. Станува збор за Like копче кое е вметнато директно во апликациите, кое Facebook го најави порано годинава на f8.

Што се однесува до In App Like копчето, Facebook советува да се смести во определен дел од апликацијата каде би имало смислa. На пример доколку кренете ниво додека играте видеоигра или на почетниот екран на апликациите. По интеракцијата копчето за кратко ќе ве префрли на Facebook апликацијата да ја подврдите или откажете акцијата, а потоа веднаш ве враќа од каде што сте дојдени. Копчето е достапно за iOS и Android, а доколку сте едни од ретките кои немаат профил на друштвената мрежа или сте се откажале од неа, очекуваме дека наскоро апликациите ќе ви станат далеку поздодевни. Facebook објавата за новитетот, како и совети за развивачите сподели на својот блог.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии