Сега има и реклами во Facebook Ticker

Досадниот Facebook Ticker сега може да ви биде уште подосаден, бидејќи сега во додатокот каде се листаат корисничките активности ќе има и реклами.

Ticker e налик на Twitter и беше претставен со цел да го исчисти централниот фид за вести од бројните кориснички активности, односно да ги групира во посебен дел од мрежата.

„Неодамна направивме промени на Facebook за да ја истакнат поактивната содржина, дали платена или органична, за луѓето кои го користат Facebook”, велат од Facebook. „Со овие промени луѓето може да видат бројни реклами и Спонзорирани приказни меѓу органската содржина. Во тестовите најдовме дека ова води кон повеќе активност меѓу платената и органската содржина.“

Ticker наиде на критики бидејќи во реално време постојано ги апдејтува активностите од бројните корисници и може да биде навистина досаден. А сигурно нема да биде поинтересен со реклами во него.

1 коментар на “Сега има и реклами во Facebook Ticker

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии