Сега и официјално започна соработката меѓу Nokia и Microsoft

„Договорот е добар за индустријата. Заедно, Nokia и Microsoft ќе иновираат со поголема брзина и ќе обезбедат зголемени можности за корисниците и нашите партнери да споделуваат успеси во нашиот екосистем.“, рече директорот на Microsoft, Стив Балмер.

Соработката и официјано подразбира:

  • Nokia да обезведи мапирање, навигација и слични локацискитсервиси на Windows Phone. Nokie ќе гради иновација врз Windows Phone платформата со споделување на својата експертиза за хардер дизајните и јазичната поддршка за да се развие платформата. Microsoft ќе обезбеди Bing пребарување за Nokia уредите и ќе обезбеди други услуги како рекламирање, гејминг и друштвени медиуми.
  • И двете компаниии ќе соработуваат за промовирање и креирање на локални и глобални апликации, вклучувајќи и тоа дека Nokia програмерите нема да плаќаат регистрација за користење на Windows Phone апликации.
  • Ќе се отвори Nokia брендирана продавница за апликации што ќе биде според Windows Market инфрастуктурата. Развивачите на апликации ќе можат да објавуваат и дистрибуираат апликации преку порталот.
  • Nokia ќе го сподели својот систем за наплаќање за да може Windows Phone да ги искористи договорите на Nokia со 112 оператори во 36 пазари.
  • Nokia е му плаќа на Microsoft надоместок за користење на Windows Phone платформата почнувајќи од првиот Nokia телефон со таа платформа. Со тоа што Microsoft ќе ја достави платформата Nokia ќе ги намали трошоците за менаџирање на платформата.
  • Microsoft ќе и плати на Nokia „милијарди долари“ за услугите и надоместоци за интелектуалната сопственост.

Првиот Nokia Windows Phone телефон се очекува во 2012-та.

(сликата е од gulfnews.com/AFP)

1 коментар на “Сега и официјално започна соработката меѓу Nokia и Microsoft

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии