Сите овие сајтови нудат дневни попусти, често по неколку во исти период и сите овие сервиси праќаат куп имејл пораки до корисниците бидејќи за да ги користиш мора да оставиш имејл, што евентуално сето тоа се претвара во спам. За тие што не знаат што е групно купување, сајтовите нудат дневен попуст, пример 50% на пица и за да биде успешен попустот мора да има барем 30 луѓе кои го купиле. Ако резервирате билет, а не се соберат доволно луѓе, парите ви се враќаат. Интересен концепт за попусти кој во период од само 2 години стана хит низ светот.

Идејата за .мк агрегатор на понуди воопшто не е чудна. Поедноставно е да се следи еден сајт, еден мејл и една Facebook страна. Не само што не е нова идеја, веќе има купишта агрегатори за попусти ширум светот и на Балканот. Пример, во Хрватска ги има grupiranje.com и dajsve.com.

Од бизнис страна креирање на агрегатор за понуди има повеќе логика од стартување на сајт за групно купување на веќе натрупан пазар со голема конкуренција. Според тоа што го знаеме денес, .мк агрегаторите за вести, пример, Time.mk и Daily.mk функционираат беспрекорно и со профит.

Секако, агрегирање содржина од други секогаш може да биде проблем за самите оригинални сајтови за групно купување бидејќи се извлекуваат посетителите и ги споредуваат понудите со што може да се запостават некои попусти за кои сајтовите за групно купување веруваат дека треба да се истакнат. Вакви проблеми, пример, веќе има со гореспоменативе .hr сајтови, иако конечната продажба на попусти треба да биде најголем фактор без врска од каде доаѓа.

9 коментари на “Сега e време за агрегатор на групните попусти

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии