Седум совети за подобра заштита од ransomware

Светот некако се навикна на опасноста од рансомверот и повеќе не се спомнува со истиот интензитет како порано. Но, тоа не значи дека луѓето кои профитираат од ова се на одмор. Секојдневно, присилно се шифрираат бројни податоци и се бараат неколку стотици, па и илјадници долари за да се отклучат истите. Дури и кога би платиле за ваквото нешто, не е сигурно дека навистина ќе можете да си ги повратите податоците. Звучи лошо, но не е доколку решите да ги следите следниве седум совети за избегнување или отстранување ransomware.

1. Внимавајте што преземате. Малициозните програми, во кои спаѓа и ransomware, не сакаат ништо повеќе од да се прикачат за одредени фајлови или програми. Вие можеби мислите дека преземате слика, песна или програм, но таквиот фајл патува со другарче кое е повеќе од спремно да наштети на вашата безбедност. Преземајте апликации од официјалните сајтови на производителите, а не од трети лица чија веб страна не почнува со https. Внимавајте при преземање торенти.

2. Внимавајте со и-мејловите. Малициозни кодови патуваат преку мејлови и бидете особено внимателни кога ќе добиете и-мејл со прикачен фајл, дури и да доаѓа од познато лице. Често се случува да се украде нечиј акаунт и преку него да се испратат мејлови на сите контакти, заедно со скриен рансомвер. Во случај на сомнителни мејлови, најдобро е да ги избришете истите, без и да ги отворате.

3. Направете бекап на вашите податоци! Не можеме да нагласиме колку е исклучително важно да префрлите се што ви е драгоцено на екстерен Хард диск, или на облак, како Google Drive, или One Drive. Не мора да бидете нападнати од рансомвер за да дознаете колку е важно ова. Доволно е да ви се оштети Хард дискот или да избришете работи по грешка. AOMEI Backupper е интересна алатка која бесплатно прави бекап на вашите податоци, а и ги враќа подоцна.

4. Преземете и инсталирајте ги најновите надополнувања за вашиот оперативен систем и софтверски апликации. Хакерите често знаат да искористат одреден безбеден пропуст за да се провлечат низ задната врата и да сејат хаос. Поради тоа, погрижете се да ги имате инсталирано најновите безбедносни надополнувања веднаш кога ќе се побара таквото нешто од вас. Многу софтверски апликации се одликуваат со автоматски процеси на преземање и инсталирање надополнувања, но за оние кои одбиваат таква послушност, би можеле да инсталирате Secunia Personal Software Inspector. Оваа бесплатна апликација го скенира вашиот компјутер и нуди понови верзии на софтверот кој моментно го имате.

5. Инсталирајте добро антивирусно решение. Многу корисници на Windows 10 не инсталираат дополнително антивирусно решение и целосно се предаваат на сомнителната функционалност на Windows Defender. Алатката на Microsoft не е лоша, но алатките Avira, или Bitdefender се подобри. И двете алатки се бесплатни и едноставни за користење. Авира е особено добра во детекција и спречување напади во форма на ransomware.

6. Бесплатно дешифрирајте заробени податоци. Во случај најлошото да стапи на сила, а, од некоја причина да сте решиле да го занемарите советот бр. 3, тогаш би можеле да пробате да ги дешифрирате шифрираните податоци со некоја од алатките на Avast. Оваа безбедносна фирма нуди неколку алатки кој ќе пробаат да ги отклучат вашите фајлови.

7. Отклучете го вашиот екран. Во одредени драстични ситуации, не само што се личните податоци заклучени, туку може да се случи и екранот да е заклучен и да не ни можете да пристапите во системот. Во тој случај, потребно е да преземете Ransomware Screen Unlocker Tool, на Trend Micro. Алатката се испорачува во две верзии, во зависност од тоа дали можете да пристапите кон компјутерот преку опцијата safe mode, или не.

1 коментар на “Седум совети за подобра заштита од ransomware

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии