Седум Galaxy Note 7 уреди се запалија минатата недела, шест беа „безбедни“

Минатата недела се запалија вкупно седум Note 7 уреди ширум светот, проблемот е поголем бидејќи шест од овие уреди се заменети и потврдени како безбедни од страна на Samsung. Најголем дел од медиумите кој го прогласија Note 7 за најдобар Android уред ја повлекоа препораката.

Samsung минатиот месец ги повлече телефоните, а компанијата сега има поголем проблем, бидејќи и новите телефони со заменети делови се опасни. Note 7 уредитекои се запалија не доаѓаат од еден континтет, а за инциденти се јавува од целиот свет, јави ArsTechnica.

  • Заменет Note 7 се запали во авион во САД и предизвика евакуација на авионот.
  • Заменет телефон во Кентаки, САД и црн чад предизвикаа сериозни здравствени проблеми за сопственикот.
  • Во Минесота, САД заменет телефон повреди девојче.
  • Во Тајван заменет телефон се запали додека беше во џебот на сопственичката.
  • Во Јужна Кореа на безбол стадион се запали телефон за кој сопственикот тврди дека е нов.
  • Во Јужна Кореа во ресторанот за брза храна Burger King се запали уред за кој е непознато дали е нов, заменет или стар.
  • Последниот засега регистриран уред е во Хјустон, САД и станува збор за телефон кој е заменет минатиот месец.

Како последица на новите проблеми AT&T и T-Mobile ја запреа продажбата на Samsung Note 7. Во истовреме АТ&T престана да ги заменува уредите со Note 7, туку им нуди на корисниците други уреди. Популарниот портал за Android уреди, Android Police ги советуваше своите читатели да не го купуваат уредот, а доколку веќе поседуваат, веднаш да го вратат.

„Напорно работиме со експерти и со стручни лица. Ќе ги споделиме податоците штом ќе знаеме за што се работи. Засега станува збор за мал број на случаи, но ги уверуваме нашите корисници дека го разгледуваме проблемот сериозно. Доколку навистина постои проблем Samsung ќе преземе мерки.“, вели портпаролот на компанијaта за Verge.

1 коментар на “Седум Galaxy Note 7 уреди се запалија минатата недела, шест беа „безбедни“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии