Седете дома со Sedidoma.mk – сајт кој ќе проба да ви ја олесни самоизолацијата

Единствен начин да се спречи ширењето на Ковид-19 пандемијата е да се #СедиДома. Седењето дома никако не значи инерција од здодевни пропорции, особено доколку го посетите следниот линк. Седи Дома е македонски веб сајт кој тежнее впечатливо да го исполни вашето слободно време и да олесни одредени потешкотии предизвикани од самоизолацијата.

Аудио-визуелната хармонија е скромна, но моќна колекција од содржини за, меѓудругото, впечатливи локали од нашата земја, како Кокино, Маврово, или Маркови Кули.

Шетај виртуелно ви дозволува директно од вашиот прелистувач да започнете виртуелно истражување на неколку наши музеи и локалитети, како Музејот на современата уметност Скопје, или Младинскиот културен центар.

Уживај во магијата на театарската игра е оддел преку кој можете да одгледате наши театарски претстави како „Изгубени Германци“, Парите се отепувачка“, или „Сомнително лице“.

Слушај домашно ќе ви дозволи да го откриете нашиот најголем музички талент на YouTube, a изрази се креативно ќе ви покаже бројни изработки на темата седи дома, социјално дистанцирање и самоизолација.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

2 коментари на “Седете дома со Sedidoma.mk – сајт кој ќе проба да ви ја олесни самоизолацијата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии