Sectera Edge

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Компанијата General Dynamics C4 Systems го претстави својот бежичен телефон, Sectera Edge, кој може да се користи за говорни комуникации, класифицирани од страна на NSA (National Security Agency) како ниво на врвна тајна и пристап до е-маил и веб страни класифицирани на ниво на зголемена сигурност.

Сличен во форма и функции со комерцијалниот мобилен телефон и PDA уредите, Sectera Edge е способен да ги синхронизира информациите на корисникот од неговиот персонален компјутер, овозможувајќи пристап до календарот, адресарот, калкулаторот, notepad и други PDA софтверски компоненти.

Развиен според стандардот на NSA Secure Mobile Environment/Portable Electronic Device програмот, Sectera Edge е согласен и со SCIP(Secure Communication Interoperability Protocol) протоколот, овозможувајќи безбеден и енкриптиран сигнал со другите направи кои го користат истиот протокол како и постоечките телефони и терминали на Sectera. Кратко, се добива максимална флексибилност за остварување на безбедна комуникација.

{mosimage}

Карактеристики:
 – Сигурен и не-сигурен безжичен телефон, прелистување на е-маил и веб страни
 – Издржува секојдневни сурови околини
 – Глобален roaming преку GSM, CDMA или Wi-Fi безжични мрежи
 – Софтверот може да се надогради во VoIP систем
 – Размена на сигурен е-маил меѓу владини организации, вклучувајќи корисници со S/MIME BlackBerry
 – Софтверот може да се надогради во IPv6
 – Препознатлива Microsoft Windows платформа
 – Синхронизација на жичен и безжичен десктоп
 – Поделба на класифицирани и некласифицирани апликации
 – Менување на класифициран и некласифициран PDA со едно притискање на копче
 – Сигурен безжичен пристап до SIPRNET и NIPRNET
 – DoD PKI – Common Access Card (CAC) подршка
 – Тип 1 енкриптирано складирање на доверливи податоци
 – Може да се употребува во затворени простории со “SCIF-Friendly” форма

{mosimage}

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии