The Secret World станува бесплатна за играње

Една од нашите омилени ММО игри, The Secret World ќе заплива во водите на бесплатни-за-играње игри. Транзицијата ќе стапи на сила оваа пролет, и ќе дојде со подобрен борбен систем и начин на напредување, како и подобрени визуелни елементи. Згора на тоа, целата приказна, над 100 часа, ќе бидe целосно бесплатнa за сите кои копнеат по ММО игра во модерниот свет.

„Низ петте години од нејзиното постоење, The Secret World креира навистина впечатлив RPG универзум кој, и до ден денес се истакнува со уникатната мрачна атмосфера и тон, длабочината на дизајнот на квестовите и високиот квалитет на гласовната глума,“ објаснува Руи Касис, извршниот директор на Funcom. „Secret World Legends ја користи оваа основа за да одбележи една нова ера за играта и да понуди свеж почеток за новите, но и старите фанови, во едно ново уште повпечатливо патување во кое може да уживате сами или со пријатели.“

Според Руи, нивните цели се да реиздадат игра која ја менува сржта на гејмплејот на начин кој е достоен за една модерна акциона RPG игра. Според него, Secret World Legends ќе се одликува со борбен систем кој делува многу поприфатливо, со длабоки системи кои се поинтуитивни, подобра структура за почетните стадиуми низ играта и подобрено течение на мисиите, како би се зајакнало темпото за напредување на играчите.

Иако пролетта веќе е тука, а ние не го знаеме точниот датум на излегувањето на Secret World Legends, најнетрпеливите слободно можат да се пријават за бетата на овој линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии