Seavus ќе го стартува Soc.io Mall, трговски центар за Android апликации

Зошто Soc.io е поразлична од другите Android продавници?

Најпрво, Soc.io Mall нуди повеќе од апликации и игри. За почеток е-книги. Набрзо потоа ќе се понудат и аудио книги како и музика. Планот е да се понудат и видеа и претплата за магазини и весници. Значи палетата на производи кои ќе може корисниците да ги најдат и набават од Soc.io Mall е поголема од онаа на останатите продавници.

Понатаму, глобалната распространетост на Soc.io Mall. Soc.io Mall ќе биде достапен ширум светот, така да независно од каде доаѓа корисникот, ќе може да ги користи, презема и купува, најразличните производи во него.

И секако, тука е фокусот на персонализација и доближување на продавницата до крајните потрошувачи преку разни механизми – полесно пребарување и наоѓање на апликации, препорака на апликации базирани на интересот и потребите на корисникот, лесно користење и уникатното корисничко искуство на кое обрнуваме посебно внимание.

Со името „трговски центар“ се подразбира дека секоја компанија може да си брендира продавница, или само за поголемите? Како ќе биде за индивидуалните девелопери, дали и тие ќе си брендираат продавница?

Овој трговски центар како концепт во втората фаза ќе понуди таканаречени „shop in shop”, буквално како реалните брендирани продавници во трговски центар. За почеток, тоа ќе бидат продавници за поголеми контент провајдери. Kако корисници на оваа услуга може да се јават и телеком оператори како и познати брендови како Adidas и BMW, кои ќе можат да понудат свои брендирани продавници. Секако, девелоперите се еден од клучните столбови на овој екосистем на кои им нудиме најповолни услови на пазарот.

Имено, со Soc.io Mall девелоперите промотивно ќе добијат најголем процент на заработка, 80%, за разлика од сите останати продавници кои нудат 70% заработка од продажбата. Понатаму, ќе имаат можност за бесплатна регистрација и додавање на апликации, како и шанса да ги продаваат своите апликации насекаде низ светот. Секако со тек на време сакаме и за нив да ја понудиме можноста да отворат свои брендирани продавници.

На I/O 2011-ta Google го прошири Android пазарот да може да се купуваат апликации од уште 99 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Но не беше споменато дали и кога ќе можат да се продаваат апликации од тука и од тие 99 земји? Претпоставувам конечната цел на Seavus е светскиот пазар, но гледајќи локално, како би можеле .мк девелоперите да продаваат апликации?

Да, нашиот таргет е светскиот пазар. Во нашиот трговски центар нема никакви ограничувања за девелоперите, ниту за крајните корисници. Независно од каде доаѓаат, секој може да ја стави својата апликација и да ја продава преку нашата продавница ширум светот. Ова е апел до нашите девелопери да се регистрираат кај нас (http://developer.soc.io) и да ги стават нивните апликации. Штом Soc.io Mall ќе се лансира, нивната апликација ќе биде глобално достапна преку нашиот трговски центар.

Google стартуваше музички сервис но без договор со музичките компании, што често е проблем, па ме интересираат детали како Seavus ќе продава музика, како е среден тој дел?

Свесни сме дека продавањето музика е доста комплексна проблематика поради дигиталните права поврзани со продажбата. Токму затоа, ќе понудуме музика во следната фаза. Музика ќе нудиме во соработка со познат сервис за стриминг на музика кој веќе ги има регулирано овие права и договори. Тоа ќе биде голем чекор за нас, но ние и понатаму работиме со предизвици кои се од голема вредност за нашите корисници.

1 коментар на “Seavus ќе го стартува Soc.io Mall, трговски центар за Android апликации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии