Seavus ја купи Alexandria, најавено е проширување на специјализираните академии

Seavus групацијата го презема најстариот македонски приватен едукативниот центар Alexandria. Договорот е постигнат на 11 јуни и отсега Alexandria ќе биде дел oд Seavus, Seavus Education and Development Center.

Alexandria ќе биде додадена на едукативниот центар на Seavus заедно со своето портфолио, кадрите и програмата. Цел на аквизицијата е проширување на курсевите и содржините кои ги нуди центарот на своите клиенти. Крусевите кои ќе бидат организирани од довчерашната Alexandria ќе бидат мрежен инжинер и мрежен техничар, курсеви кој овој едукативен центар ги нудеше и досега.

„Ваквото спојување на ресурсите, знаењето и енергијата ќе резултира во завземање на  лидерска позиција од страна на Seavus едукативен и развоен центар на  македонскиот пазар за специјализирана ИТ едукација.“, стои во соопштението. „Преземањето ќе овозможи проширување на досегашниот пакет на курсеви и специјализирани академии, а со тоа и приближување на нови методологии на изучување, до сега неприменувани на македонскиот пазар.“

Цената која Seavus компанијата засега останува непозната, но интеграцијата на првиот едукативен ИТ центар и најголемата софтверска команија е дел од планот на Seavus за проширавање на пакетот курсеви кој го нудат и можност за понуда на нови методологии кои ги најавува Sevus Едукација.