Coworking просторите и инспиративни инкубаторите се следниот чекор кон развој на стартап екосистемот во Македонија, вели Бисерка Конеска, директорка на инкубаторот на Seavus. Софтверскиот гигант сега се реши да ги отвори своите врати за сите стартапи и нови медуми, со намера да ги поддржат идните генерации на иноватори.
„Лично сметам дека целиот приватен сектор би можел да се покрене и, доколку има можност, да вложи несебично во развој на стартапите на кои треба да се гледа како на основна клетка за развој на економијата“, вели г-ѓа. Конеска. За неа конкуренцијата меѓу локалните инкубатори и coworking просторите не треба да биде нешто на што треба да се троши енергија. „Доколку сите акцелераторски програми кои постојат во Македонија, можат да помогнат, тоа би било само добро за земјава. Нас ова ни беше следниот логичка коцка во целата сложувалка што ја викаме еко-систем“.

Бисерка Коневска, директорка на Seavus Inkubator
Инкубаторот на Seavus е всушност отворен веќе пет години, но функционираше како поддршка за нивниот едукативен центар. Сега го отвораат инкубаторот за сите. Околу 500m2 ќе бидат отстапени како coworking простор, и уште 500m2 за канцеларии кои ќе бидат на располагање за сите стартапи. Најавени се три програми: dot.up technology со која ќе се поддржат компании кои развиваат софтвер, други технологии и Интернет на нештата; dot.up creative програмата која ќе биде наменета за дизајнерите и другите креативци; и dot.up media со која ќе се поддржат новите медиуми.
„Направивме истражување и заклучивме дека оваа група на стартапи и онлајн портали станува се подбројна, и е многу динамична, и дека никој особено не ги таргетира со програма за поддршка, па по ова се разликуваме од останатите инкубатори. Овие онлајн портали вообичано се новинари-фирма и работат од своите домови. Со овозможување на креативен простор за работа, техничка поддршка, менторство и финансиски ресурси може да направиме еден вид coworking простор кој ќе биде посветен на следнат генерација на новинари и претприемачи“.
Seavus ќе инвестира во стартапите кои сакаат да влезат заедно во посериозен бизнис, но г-ѓа. Конеска вели дека за почеток е потребно да се има повеќе инспирација, „во смисла на организирање на повеќе инспиративни настани, споделување на искуства и мотивирање на идеите и претприемачкиот дух“. Потоа ќе може да се размислува како овие стартапи да се пласираат на глобалниот пазар.
Повеќе ми изгледа како празен магацин отколку коворкинг простор
Mene mi izgleda kako super ideka koja moze da bide uspesna. Vo mnogu evropski inkubatori sum stetnal slicna ideja so coworking prostor od koja proizlegle nekolku startapi koi popapale fini investicii od nekoi angelcinja