„Seamless update“ задолжителен од Android 11

Производителите на Android паметни телефони и таблет компјутери од следната надградба на оперативниот систем ќе мора да обезбедат поддршка за „seamless update“.

Ова значи дека телефоните ќе мора да доаѓаат со две системски партиции А и B. Барањето на Google кое гласи „Require Virtual A/B on R launches“ први го забележаа XDA Developers.

А и B се системски партиции кои се идентични копии една на друга. Едната е активна партиција, нека биде тоа партициајта „А“. Во овој случај партицијата „Б“ е офлајн. Штом се појави надградба таа прво се инсталира на офлајн партицијата, а системот си работи нормално. Штом заврши надградбата телефонот ќе побара да се рестартира и ќе ја замени партицијата, поточно активна партиција ќе биде „Б“, а „А“ е офлајн. Додека телефонот не работи или е на полнач ќе започне надградбата и на другата партиција, во случајов „А“.

Ова ќе овозможи надградбата да биде многу побрза и да трае колку и еден рестарт. Нешто поважна е втората придобивка, благодарение на двете партиции дури и ако има проблеми со надградбата, и оперативниот систем не може да се подигне, може да се врати претходната партиција, вели ArsTechnica.

Најголем дел на производителите Google, OnePlus, Nokia, LG, Motorola, HTC, Sony и Asus веќе имаат имплементирано поддршка за „seamless update“. Иронично единствено најголемиот производител Samsung нема поддршка.

Единствен недостаток на две партиции е што е потребно да се оддели дополнителен простор на уредот. Сепак во последниве неколку години просторот на паметните телефони во најчесто и не преголем проблем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии