Sea Hero Quest е видеоигра која им помага на лекарите

SeaHeroQuest е видеоигра која додека ја играте им помагате на лекарите во дијаностицирање на деменција. Играњето на играта само 2 минути заменува 5 часа лабораториско испитување, вели креаторот на играта.

Sea Hero Quest е едноставна и бара од играчот додека плови со бротче да собира вредни артефакти, кои се највредните работи кои ги поседуваме, нашите сеќавања. Овие артефакти се собираат на различни места во светот.

Додека играчот игра, истражувачите прибираат податоци за навигационите способности, кои се прва жртва на деменцијата.

Image 178

Целта е да се приберат податоци од стотици илјади играчи кои потоа ќе бидат анонимизирани и испратени до истражувачите. Врз база на овие податоци, научниците ќе се обидат да дознаат што е „нормално“ ниво на навигациски способности, и со помош на овој податок да креираат упатства за брзо дијагностицирање на болеста.

Sea Hero Quest е достапна на iOS и Android, а играјќи ја денес, можеби си помагате во староста.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии