Продавницата ќе има и друштвени опции за споделување на музиката и плејлистите. Ќе има и посебен музички плеер и Google ќе направи мобилни апликации. Ова е првичниот план кој Google го доставил до директорите на поголеми издавачки куќи. Google бара лиценца за три години за секоја територија каде ќе го стартува сервисот.

Се уште не се знае дали „шкафчето“, како што Billboard го нарекува местото за складување музика, ќе има лимитиран капацитет. Најверојатно сервисот ќе го скенира корисничкиот хард диск и секоја препознаена песна ќе биде додадена на листата на корисникот. Според изворите на Billboard, за да функционира сервисот ќе мора да ги занемари пиратски симнатите песни, но исто така музичката индустрија ќе го притисне Google да воведе построги мерки против пиратеријата, поставувајќи услови како на пример тргање на торент сајтовите од резултатите од пребарувањето или блокирање на мобилни апликации кои користат P2P пристап.

Исто не е познато дали музичката индустријата ќе дозволи Google да ја стрима музиката во тие три години од лиценцата. Најверојатно Google ќе го дели приходот 50-50 со индустријата, а издавачите ќе добијат 10%.

3 коментари на “Се водат преговори за Google Music

  1. Не знам што има за #like и Gooooo: „издавачите ќе добијат 10%.“ од 50% посто што ќе останат на „индустријата“ . Google стана Apple wannabe

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии