Сè уште чекаме Facebook да ги ослободи корисничките податоци, вели Лери Пејџ

Мислам дека не е добро што Facebook е толку затворен, вели Лери Пејџ, ко-основач и директор на Google, во 40-минутно интервју за Чарли Роуз на PBS, во кое зборуваше за недоразбирањата со Facebook, како и за автономните автомобили, Project Glass, Google Chrome и други теми за продукти уникатни за ИТ гигантот.

Г. Пејџ вели дека Google е отворен и дозволува кога ќе отворите профил на Facebook да ги додадете контактите од Gmail. Но, тоа не може да го направите во обратен правец, бидејќи Facebook не му дозволува на Google да ги извлече пријателите.

„Не сакате некој да ви ги држи корисниците како заложници. Мислиме дека е важно што корисниците на Google можат да си ја извлечат податоците, и да си ги носат со себе каде и да одат, или да ги носат на друго место.“

[youtube]mHtPb1GEzF0[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии