Се твитаат по 140 милиони твитови дневно

Ова се неверојатни бројки за сервисот за микро-блогирање во 140 карактери, кој воопшто не успорува со растот. Имено, дневно се регистрираат 460.000 нови Twitter профили и има пораст од 182% повеќе користеност преку мобилни телефони.

Колку се бројките неверојатни, толку е и импресивно и влијането кое сега го има Twitter. Сервисот стана поим за информирање во реално-време. Преку него се споделуваат огромни количества информации и вести често во моментот на случувања и секогаш опфаќајќи и предвидувајќи ги најпопуларните трендови.

Twitter дефинитивно ќе продолжи да расте, како според бројки, така и според статистика. Во меѓувреме, ви препорачувам да го следите основачот Џек Дорси кој започна и најави дека ќе твита детали за самите почетоци на twttr, како што беше крстен тогаш.

Just a day later, we had login working on our staging environment, sms.odeo.com. @Ev just bought twttr.com. http://t.co/XRGxocz #twttrless than a minute ago via Twitter for Mac

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии