Се спрема поход за Swarm значката на Foursquare. Придружете се на ројот.

Foursquare е локациски сервис кој е доста популарен во Македонија. Преку него, корисниците заедно со локацијата преку Google Maps, споделуваат и слики и искуство од одреденото место преку друштвените мрежи, а како замена за таа промоција локалните бизниси нудат попусти на услугите доколку некој се чекира кај нив. Значките, пак, се еден вид игра, вид авантура како дел од интеракцијата на Foursquare, со кои корисниците си го истакнуваат своето искуство и локациско познавање.

Swarm се разликува од другите значки по тоа што бара колективен труд, организација и собир со цел да се добие. Собирање на 50+ корисници на едно место не е секојдневно нешто, освен ако не е концерт, на пример. Во секој случај, ќе биде интересна средба меѓу македонските Foursquare корисници.

За да учествувате на настанот пријавете се на овој формулар. Дополнително може да ја следите Twitter дискусијата на #4sqmkswarm.

25 пријавени досега! :-) #4sqmkswarmless than a minute ago via Seesmic for Android

(via 365.com.mk)

1 коментар на “Се спрема поход за Swarm значката на Foursquare. Придружете се на ројот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии