Сè што треба да знаете за Xbox Game Pass

Што е Xbox Game Pass?

Xbox Game Pass е претплатнички сервис на Microsoft кој ви дозволува, на одредено време, да играте која било игра од тие што се на понуда. Во случај да се претплатите на еден месец, можете без какви било ограничувања да играте над стотици интересни наслови, преку Xbox One, или преку компјутер. Штом ви истече претплатата, преземените игри не можете да ги играте сè додека не решите повторно да се претплатите.

Колку чини Xbox Game Pass?

Xbox Game Pass доаѓа во три форми: Xbox Game Pass Ultimate, Xbox Game Pass PC и Xbox Game Pass Console.

Како најскапата форма, Xbox Game Pass Ultimate е комплетен пакет од Xbox Live Gold и Xbox Pass за PC. За цена од 15 долари месечно, добивате пристап до бројни игри за вашата Xbox конзола, како и над стотици наслови за играње преку вашиот компјутер, паралелно со бројни попусти и интересни зделки.

Xbox Game Pass PC е претплата за PC гејмерите која ќе чини 10 долари, но моментно се нуди за пет долари месечно. Ова е претплата од исклучително висока вредност затоа што ни дозволи да играме феноменални наслови уште на првиот ден од нивното излегување. На ниеден друг начин не можевме да ја продолжиме приказната со Кејт во Gears 5, да го провериме најновото чедо на Obsidian, или да ја искусиме Age of Empires II во целата нејзина ревитализирана слава.

Xbox Game Pass Console чини 10 долари месечно и, на сличен начин како претходната претплата, нуди неограничен пристап на над стотици наслови, но за конзолата на Microsoft.

Може ли да се претплатите на Xbox Game Pass во Македонија?

Технички, да. Македонија не е држава која може да користи Xbox Game Pass. Поради тоа, потребно е мало заобиколување на оваа ограничување. Прво, во вашиот компјутер, потребно е да ја смените областа. Кликнете на старт, напишете region и изберете Region Setting. Од ново-отворениот прозорец, одберете областа да биде United States. Откако ова го средивте, потребно е да ги засукате ракавите и да пробате да купите клуч со претплата за еден месец, или три месеци. За жал, со вашата картичка нема да можете директно да се претплатите на услугата, но без проблем може да активирате клуч кој сте го купиле од некој, пак, за жал, неовластен продавач, како cdkeys, или gamivo.

Зошто да се претплатите на Xbox Game Pass?

За исклучително малку пари, можете да се втурнете во огромен број квалитетни наслови. Покрај игрите кои ги спомнавме погоре, на располагање ги имате и Vampyr, Forza Horizon 4, Sea of Thieves, Metro Exodus, и многу повеќе!

На неодамнешниот X019, се дозна дека при крајот на оваа година и почетокот на наредната, Xbox Game Pass ќе ги отвори портите на уште 50 игри.

Игри кои излегоа минатата недела:

Age of Empires II: Definitive Edition (PC)
Age of Wonders: Planetfall (конзола)
Hearts of Iron IV: Cadet Edition (PC)
Lego: The Ninjago Movie Videogame (конзола)
Rage 2 (конзола)
Remnant: From the Ashes (конзола)
The Talos Principle (конзола и PC)
Tracks: The Train Set Game (конзола и PC)

Игри кои ќе излезат набргу (декември – јануари):

Carrion (console & PC) – [email protected]
Cris Tales (console & PC) – [email protected]
Cyber Shadow (console & PC)
Darksiders III (console & PC)
Double Kick Heroes (console & PC) – [email protected]
Edge of Eternity (console & PC) – [email protected]
Final Fantasy franchise (console & PC)
Final Fantasy VII
Final Fantasy VIII: Remastered
Final Fantasy IX
Final Fantasy X: HD Remastered
Final Fantasy X-2: HD Remastered
Final Fantasy XII: The Zodiac Age
Final Fantasy XIII o Final Fantasy XIII-2
Lightning Returns: Final Fantasy XIII
Final Fantasy XV
Forager (console & PC) – [email protected]
Haven (console & PC) – [email protected]
It Lurks Below (console & PC) – [email protected]
Kingdom Hearts series
Levelhead (console & PC) – [email protected]
Life Is Strange 2: Episodes 4 & 5 (console)
My Friend Pedro (console/PC)
PHOGS console & PC) – [email protected]
She Dreams Elsewhere (console & PC) – [email protected]
SkateBIRD (console & PC) – [email protected]
Streets of Rage 4 (console & PC) – [email protected]
Scourge Bringer (console & PC) – [email protected]
Supraland (console) – [email protected]
Tekken 7 (console)
Touhou Luna Nights (console & PC) – [email protected]
The Escapists 2 (console)
The Red Lantern (console) – [email protected]
The Red Strings Club (PC)
The Witcher 3: Wild Hunt (console)
Vambrace: Cold Soul (console & PC)
West of Dead (console & PC)
Yakuza 0
Yakuza Kiwami
Yakuza Kiwami 2
Strange Brigade (console)