Надополнето: Сè што треба да знаете за втората хуманитарна велодружба Cycle4Charity

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Надополнето 7. 4. 2021 – 12:44

Поради мерките за спречување и заштита од Ковид-19 организаторот го одложи настанот.

За новиот датум на велодружбата, ќе следи дополнително известување на нашите социјални медиуми.


ИТ компанијата Интертек за 15 април ја најавува својата втора хуманитарна велодружба „Cycle4Charity“.

Како големи љубители на велосипедизмот и поддржувачи на многубројни настани од добротворен карактер, Интертек повторно ја поткренуваат иницијатива и ги повикуваат сите хумани граѓани, соработници и ИТ компании да се приклучат кон вториот Cycle4Charity настан.

За оваа пригода компанијата изработи листа на прашања и одговори за сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за настанот.

Кога првпат се одржа овој настан?

Првата хуманитарна велодружба се одржа минатата година на 27 октомври во организација на IT компанијата Интертек.  За сите оние кои ја пропуштиле или не биле во можност да учествуваат, истата може да ја погледнат овде.

Која е целта на овој настан?

Целта на овој настан е да се покаже грижата за општеството и поддршка на социјално загрозените семејства и поединци во нашата заедница и можност за социјализација на отворено во релаксирана велоатмосфера.

Каде да се пријавам за учество?

За да бидете дел од нашата втора велодружба на 15 април, пријавете го вашето учество овде. Точната локација и рутата како и повеќе информации за втората хуманитарната велодружба “Cycle4Charity” ќе бидат дополнително објавени на официјалните Facebook и LinkedIn профили на Интертек и пратени на вашата е-адреса.

Каде ќе бидат донирани паричните средства?

И овојпат, сите средства кои ќе се соберат пред и за време на настанот ќе бидат донирани во здружението „Љубезност“, кое се залага за помош и поддршка на социјално загрозени семејства и поединци и реализира хуманитарни активности под името Вистински Дела На Љубезност“.

Кој може да учествува со своја донација?

Сите оние кои сакаат да дадат свој придонес и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно истото може да го направат пред самото случување, со онлајн донација од 200 денари на жиро сметката на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – Е ДОНАЦИИ  со назнака  донација за Cycle4Charity.

ИТ компаниите, кои сакаат да земат учество, можат да се вклучат како индивидуалци или како компанија поддржувач на настанот, со тоа што пред самото случување, својата онлајн донација треба да ја направат на жиро сметката на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – Е ДОНАЦИИ со назнака донација за Cycle4Charity.

Како да донирам онлајн?

Цел на дознаката: Донација за Cycle4Charity
Назив на налoгопримачот: ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – Е ДОНАЦИИ
Трансакциска сметка на налагопримачот: 300000004297815
Банка: Комерцијална Банка
Шифра на плаќањето: 562

Дополнително, учесниците ќе имаат можност на лице место да донираат во кутиите кои ќе бидат поставени за таа намена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии