Се што треба да знаете за новиот HTC One M8…

Тајванскиот HTC го претстави својот нов HTC One M8 телефон од висока класа, high-end, со кој ќе се обиде да конкурира на пазарот кој го држат Apple и Samsung. Од тоа што го видовме на официјалното претставување, новиот HTC One M8 е исто толку добро дизајниран со алуминиум како претходникот чиј дизајн беше пофален, и сега доаѓа со двојна задна камера која ќе даде многу поквалитетни фотографии. Иако HTC има скоро невозможна мисија пред себе, поради квалитетот кој го има Apple и разновидноста на Samsung, сепак тајванскиот производител претстави вистински добар телефон со нови функционалности кои ќе можат да ги привлечат повторно фановите на Android.

[youtube]y1GdENVb5pg[/youtube]

HTC One M8 има малку поголем 5-инчен LCD 3 екран со fullHD резолуција, прекриен со Gorilla Glass 3; ќе работи на 2,3 GHz Snapdragon 801 процесор со четири јадра; 2 GB RAM; ќе се продава со 16 до 32 GB простор, со можност за microSDXC поддршка за дополнителни 128 GB; Bluetooth 4.0 со aptX, и поддршка за 2G, 3G и 4G мрежа; има BoomSound аудио систем за погласна музика, и работи на Android 4.4 KitKat со HTC Sense 6. Корисничкито интерфејс на Sense е редизајниран за да биде помодерен со поистакнати бои, а се редизајнирани и BlinkFeed, HTC TV и другите апликации кои доаѓаат со „најдобриот телефон кој HTC го објави“. Според тајванскиот производител, батеријата на телефонот е за 40% подобра од претходникот, и може да издржи цели две недели, а благодарение на нов мод за штедење на енергија може да се намести последните 5% од батеријата да се користат за цели 15 часа. Од лично искуство со паметните телефони, батерија која држи две недели е мит бидејќи сите ние ги користиме паметните телефони за се и сешто, а со користењето се троши и батеријата.

Tоа што го прави HTC One M8 уникатен телефон, покрај одличниот дизајн на кој му е рамен само iPhone, е што доаѓа со двојна камера на задната страна, и 5 мегапиксели предна камера. Двојната камера ќе ја користи UltraPixel технологијата на HTC која овозможува главната камера да го слика субјектот кој е во фокус, а втората камера да ги фоторафира и додава деталите од позадината за поспектакуларна фотографија. Софтверот на камерата е исто редизајниран со нови опции какo UFocus со кој може да се помести фокусот на веќе направена фотографија, има опција за bokeh фотографии чија позадина е замаглена и опција Dimension Plus за додавање на 3Д ефекти на фотографијата кои се движат зависно како го поместувате телефонот.

M8 има и Sensor Hub функционалност која ги следи чекорите на корисникот, но и дозволува разните сензори да се користат додека е исклучен екранот, пример, две кликнувања на екранот може да го разбуди телефонот, или пак може да се наместат разни движења како кратенки за брзо стартување на апликации.

HTC One M8 е достапен во три бои, сребрен, златен и сив, и ќе може да се купи уште од утре во одредени продавници, на сите пазари од крајот на април. Цената ќе зависи од поединечните оператори, но, бидејќи е high-end модел би требало да биде во рамките на Galaxy S5 и iPhone 5/5S.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии