Сè што треба да знаете за излегувањето на Borderlands 3

Borderlands 3 се најави и, па, не се одалечува премногу од претходно утврдениот урнек. За многумина, ова е исклучително добра работа, а официјалниот трејлерот успеа да ги заинтригира повеќето фанови.

Како што можете да очекувате, Borderlands 3 ги продолжува откачените пукачки авантури, не само на Пандора, туку и на неколку други светови, со тони и тони оружје. Во оваа прилика, меѓутоа, нема да зборуваме за гејмплеј механиките, туку потесно би се фокусирале на излегувањето на играта.

Borderlands 3 излегува на 13 септември. За датумот веќе се претпоставуваше од неколкуте траги кои беа оставени со првиот трејлер, а и работите одлично се поклопуваат со славењето на десетгодишнината на првата Borderlands игра. Сосема очекувано, и третата игра ќе има сезонска пропусница. Традиционалнo како и со претходните игри, сезонската пропусница ќе има четири додатоци кои ќеја прошират кампањата со нова приказна, оружја, и локации. Нетрадиционално за овој серијал, тројката ќе биде првата игра која нема да биде објавена на Steam. Со желба да привлечат што е можно поголем профит, Gearbox се реши да ја продава играта екслузивно на Epic Store, и тоа во време траење од половина година. Поради тоа, Borderlands 3 ќе се појави на Steam дури на пролет, 2020 година.

На Epic Store, основната верзија на Borderlands 3 ќе се продава по цена од 60 долари. За 20 долари повеќе, на располагање го имате Deluxe изданието, a за 100 долари го добивате Super Deluxe изданието. И двете едиции содржат козметички вредности, како и засилувачи за искуствени поени и пленови. Super Deluxe е верзијата која се испорачува заедно со сезонската пропусница. По излегување на играта, цената на оваа едиција ќе скокне од 100 на 120 долари. Четирите последователни додатоци ќе се продаваат и оделно, но цената за таквото нешто сѐ уште не e дефинирана.

Gearbox планира да понуди уште поскапа едиција. Diamond Loot Chest Collector’s Edition чини неверојатни 250 долари, а покрај сите содржини од Super Deluxe едицијата, на располагање нуди и неколку физички предмети, како реплика на ковчег со плен, десет фигурички со ликовите од играта, модел од Sanctuary 3 бродот, четири привезоци за клучеви, мапа, постери и кутија.

Во меѓувреме, излегоа надградените верзии за претходните три Borderlands игри. Иако гејмерите го ценат ова, сепак, не можат а да не оставаат негативни рецензии бидејќи Gearbox реши да го исклучи Steam од почетните продажби.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии