Личните профили на Facebook сега се заменети со нов редизајниран Timeline, што е всушност вашата Facebook приказна која ги содржи сите статуси, слики и користени апликации од кога сте се вклучиле на мрежата. Секој корисник може да си одбере што ќе биде прикажано на Timeline за полесно да се претставите пред другите.

Поради малку чудниот, но интересен, дизајн Timeline може да биде збунувачки за голем број корисници. Затоа да ви ја олесниме транзицијата и полесно да го искористите Timeline ви ги претставуваме новините:

Од почеток…

Facebook Timeline започнува со „раѓањето“ односно од кога сте отвориле профил.

Сета содржина што ја имате споделено од тогаш до сега ќе биде излистана според година и месеци. Опцијата за навигација низ времето се наоѓа најдесно на профилот. Оваа е нешто што недостaсуваше на Facebook бидејќи има многу постови кои по две, три или четири години на споделување се изгубени во минатото. Сега ги имате на извлечени на површина.

Вака изгледа Timeline кога ја прегледувате содржината:

Додека ги разгледувате претходните содржини, ќе забележите и горен тулбар на кој се наоѓаат уште опции за навигација низ Facebook.

Две профил слики?

Header-от на Timeline е место за вашите две профил слики. Поголемата ќе се појавува само за посетителите на вашиот Timeline, додека помалата е таа што ќе се прикажува во постовите. Благодарение на доброто позиционирање на сликите има простор и за нивна креативна манипулација.

Тука ќе ги најдете и информациите кои сте ги оставиле за вас, пример работа, каде живеете и слично. Тука се и листите на пријатели, вашите слики, мапа, на кои страни сте фанови, претплатници, кои апликации користите итн.

Одберете ја содржината

Интерфејсот на Timeline е поделен на две колони кои ги листаат хронолошки сите објавени статуси. Меѓутоа може да забележите дека на некои места двете колони се пресечени со еден пост. Ова е истакнат пост.

Користејќи ѕвезда на постовите, вие ќе може да си ги одбележите вашите омилени постови. Тие ќе бидат истакнати и доколку има слики и видеа тие ќе бидат поголеми. Доколку не ви се допаѓа некој пост, или не сакате да го гледаат другите, едноставно може да го тргнете од Timeline.

Имате и опција за да се промени датумот или да се додаде локација на постот. Со локацијата можете полесно да ги документирате настаните на кои сте биле. Facebook исто така има додадено опција Map на која се излистани местата на кои сте биле или сте се чекирале преку Facebook Places.

Што се однесува до приватноста, тоа останува непроменето. Може да филтрирате за секој поединечен пост со кого ќе биде споделен, дали со пријателите, да биде јавен или само видлив за вас, или пак да одредите да е видлив само за листите.

Сите ваши активности

Activity Log е опција која се наоѓа веднаш под вашата поголема профил слика (cover image). Тука се сите ваши активности, постови и се што правите на Facebook.

На Timeline може да одберете што да се појавува, пример има некои постови кои не сакате да ги има за сите да ги гледаат. Но тоа не значи дека сте ги изгубиле. Сите тие се сместени и зачувани според датум во Activity Log.

Настани од вашиот живот

Fаcebook додаде една интересна опција за додавање на важни настани од вашиот живот. Пример, ако сте нашле нова работа, сте се преселиле, сте стапиле во брак, сте отпатувале некаде.

Овие настани се додаваат преку Life Events опцијата. Сите додадени настани се вметнуваат во Timeline како истакнат пост, а сите активности се додаваат автоматски во информациите за вас. Доколку сакате да тргнете некој настан потребно е да бидат трнати од Аbout опцијата со личните детали.

10 коментари на “Се штo треба да знаете за Facebook Timeline

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии