Сè што треба да знаете за драстичните промени во Humble Monthly

Humble Monthly е месечен пакет каде, за скромна цена од 12 долари, добивате 8 до 10 игри. Ваквата претплата функционира неколку години, но, не е без проблеми. Од страната на Humble, често се случува да понудат една или две одлични игри, а останатото само да служи за пополнување на замислената бројка. На многу гејмери им здосади ваквата политика и, судејќи по коментарите на редит, често ги паузираат или целосно откажуваат претплатите.

Humble решија да станат значително потранспарентни и да го сменат целиот модел, но таквото нешто доаѓа со значително повисока цена.

Humble Monthly ќе стане Humble Choice.

За пет долари месечно ќе имате пристап само до Humble Trove – дигитална колекција од шеесетина DRM-Free игри кои можете да ги преземате и инсталирате на онолку направи колку што сакате.

За 15 долари месечно ќе можете да изберете да задржите само три од понудените 10 игри од пакетот, ќе имате пристап до Humble Trove и 10% попуст преку нивната продавница.

За 20 долари месечно го добивате премиум пакетот. Во него се вклучени 9 игри, пристап до Humble Trove и 20% попуст низ продавницата. Ова е всушност пакетот кој до сега се нуди за 12 долари месечно. Разликата е во тоа што, преку овој пакет ги гледате сите девет игри и точно знаете дали да му се финансиски посветите, или не.

Последниот пакет се вика Classic е само за оние кои веќе се претплатени на моментниот Humble Bundle. Тоа значи дека доколку сега се претплатите на 12 долари, и понатаму ќе го добивате Premium пакетот + уште една игра по истата цена од 12 долари. Но, доколку некогаш решите да ја откажете месечната претплата, автоматски ќе ги изгубите бенефициите и ќе мора да плаќате по 20 долари.

Разбираме зошто го прават ова Humble. Многу претплати губат и на овој начин сакаат ем ние полесно да ја прифатиме новата промена ем тие да заклучат што е можно повеќе претплати. Го разбираме ова, но сепак сметаме дека е крајно подла стратегија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии