Се што треба да знаете за да стримате видео игри на Twitch.tv

Иднината на гејмингот е во стримањето и се поголем број од играчите ги користат апликациите кои овозможуваат споделување на играњето. Најголема платформа, барем засега, која овозможува лесно стримање, дури и преку копче на поновите конзоли како Xbox One и Playstation 4, и која нуди одлична дистрибуција на стримот кон поголема публика е Twitch TV.

За да стримате на Twitch TV првин ќе ви треба да направите профил, иако лесно може да се логирате и преку Facebook. Второто е одлично решение бидејќи несомнено ќе сакате да ги поврзете двете мрежи, за да привлечете публика кон стримот, па зошто да не го направите тоа од самиот старт. Но, доколку сакате може видеата да ги направите да бидат и приватни или достапни само на одредени пријатели. Платформата овозможува и да се поврзете со Twitter и YouТube профилите, па ќе може да ги најавувате сесиите преку Twitter и да ги споделувате видеата на YouTube.

Стримањето на Twitch не бара премногу моќен компјутер, но идеално би било ако имате машина со Intel i5 процесор, 6-8 GB RAM и Windows 7, што е препорачан минимум хардвер. Покрај ова не е лошо да имате добра графичка картичка што сепак се однесува единствено на квалитетот на играњето, а со тоа и на видеото, а не и на можноста за стримање.

Twitch TV нема специјално побарување за кој софтвер ќе го користите за стримање. За жал, платформата нема софтвер кој можете да го преземете од нивната страна, но има препораки. Најпопуларните софтвери за стримање е Xsplit, но оваа апликација се плаќа. Бесплатна, и за некои подобра алтернатива, е Open Broadcaster Software. Други алтернативи на софтвер за стримање се Ffsplit и Evolve.

Сите апликации се едноставни за користење, пример бесплатниот OBS веднаш при стартување на апликаците во вoди на главниот екран, по што ја стартувате играта која сакате да ја стримате. Потоа треба да ги изберете апликациите кон кои сакате да стримате. Тоа што е важно е што треба да го погодите и вистинскиот квалитет потребен за стримот. Open Broadcaster Software нуди алатка која ги пресметува параметрите потребни за квалитетен стрим (FPS) во зависност од хардверот и брзината на интернет конекцијата. Последниот избор кој треба да го направите е во Broadcast Settings да го одберете серверот каде ќе го пренесувате стримот. Од Streaming Service листата одберете Twitch/Justin.tv, а потоа треба до го запишете вашиот Twitch Stream Key. Овој клуч ќе го пронајдете на страната на Twitch TV, каде го додавате името на стримот и го променувате статусот од Not Playing во Playing. Подолу е одлучен туторијал како да го сетирате правилно OBS. На крај треба да знаете дека квалитетот на видеото и бројот на прегледи ќе зависат од вашите гејминг вештини.

[youtube]stMBmiEwvYE[/youtube]

5 коментари на “Се што треба да знаете за да стримате видео игри на Twitch.tv

  1. Треба и минимум 2 Mbps upload speed. Ако е под 2 ќе кочи стримот или квалитететот на стримот ке биде катастрофа "Mobile" (па и на тоа може да кочи без разлика ако имате чудовиште од компјутер).

    1. Нема врска чудовиште или не чудовиште или колкава брзина имаш (се разбира не 54ка модем) туку проблемот е комуникацијата помеѓу сервер-клиент генерално ова се проблемите кои ги има cloud гејмингот:
      1. Географската дистанцата помеѓу клиентот и серверот
      2. Времето на кодирање на сервер и декодирање на видеото на клиент
      3. Времето потребно команда (прицнато дугме) да се пренеси од клиентот до серверот

      Единствен начин ова да успее е да се има сервер рак кој ќе го покрива секој инч од земјата

      Оваа иднина нема да биди иднина дури не се решат тие три проблеми, зошто со гејмерите нема компромис мора да е се виртуелно без лаг и ХД квалитет за некој гејмер да ја прифати оваа платформа како дефаулт.

      1. Малце си грешка ;)

        Се разбира дека компјутерот и брзината се најважни за стримање на игри. Тоа што ти го збориш е сооднос помеѓу "тебе" и играта (клиент-сервер), а не помеѓу тебе и стрим каналот (Twitch.tv)

        Прочепкај, дознај, пиши…

  2. Стримањето иднина на гејмингот. LOL.

    Иднина на гејмингот е играта да се рендерира во облакот, а ние само да имаме конзола со јачина на денешен флагшип телефон колку да можи да го декодира видеото. И успат кога веќе се пренесва видеото преку интернет, можи да се овозможи и други корисници да го гледат твојот стрим но не и да го контролираат.

    1. Погрешно си ја разбрал „иднината“.

      Не се мисли на што е најдобро, туку на тоа дека гејмингот станува мејнстрим забава, веќе не е само за хардкор гејмерите, туку станува забава која можеш да ја играш, или да ја следиш како што се следи спортот.

      Но, со играње преку облакот ставаш крај на хардвер индустријата, нема нови графички, нема нови процесори, нема нови гејминг лаптопи, контролери и секако нема нови конзоли. Веруваш дека милијарди вредната индустрија ќе престане да профитира. Sony го купи Gaikai за да има контрола врз такви сервиси и за да може да си ги прилагоди според своите интереси.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии