Се што беше најавено на Apple WWDC – oд El Capitan до Swift 2 до Apple Music

Worldwide Developers Conference (WWDC) е огромен настана и за фановите на Apple и за ИТ светот. Сите очи се свртени кон сцената на која Apple од година за година претставува по некој уред или сервис со кој комплетно ја раздрмува индустријата. И оваа година се случи нешто неверојатно – покрај нов оперативен систем, нови апликации, беше претставен и нов музички сервис Apple Music кој ќе стартува во 100 држави.

На почетокот веднаш беше тријумфално откриено дека продавницата за апликации App Store надмина 100 милијарди симнувања, и дека има над еден милион апликции. Освен што е огромнa, Аpp Store им прави и најмногу пари на девелоперите, со отплатени 30 милијарди долари до сега од 2007-ма година.

Новата надграба на Yosemite, оперативниот систем за Mac компјутерите, е пригодно наречена OS X 10.11 El Capitan, по карпеста формација во националниот парк Јосемит. Надградбата не носи премногу возбудливи новитети, главно помали подобрувања на опертивниот систем. Така на пример со новите гестикулации за зголемување на покажувачот на компјутеркото глувче ќе биде потребно да се протресе глувчето. Пребарувањето во OS X ќе биде можно да се прави по контекст, па корисникот ќе може да пребарува „по документи/слики кои ги обработувал пред два месеци“. Конечно и можеби и небитно, со оглед на тоа колкав е бројот на игри и играчи на OS X, оперативниот систем ќе добие поддршка за нов SDK, Metal 3D кој ќе го забрзаат стартувањето на игрите за 1.4 пати. Девелоперите веќе може да го преземат оперативниот систем, корисниците ќе можат да го разгледаат од 30 јуни, а би требало да биде достапен наесен.

И iOS ќе добие своја надградба, новата верзија ќе зазема половина од просторот кој е потребен за iOS 8, но сепак најинтересни се зголемените можности кои че доаѓаат со новата верзија на гласовниот асистент. Siri ќе биде попамента па ќе може со говор да побарате да ве потсети за нешто, да пребарува по контакти доколку бројот кој ве повикува го немате во телефонскиот именик, па дури и да креира листа на луѓе кои можеби треба да бидат повикани на состаноци. Промени доаѓаат во апликациите како Notes и Maps, но и во Apple Pay, а новитет е и апликацијата за преглед на вести News. Оперативниот систем ќе биде подржан од iPhone 4S и iPad 2 од 2011 година и сите следни генерации на уредите.

Најголем дел од SDK ќе добијат своја надградба, така HealthKit ќе добие надградба за хидратација и репродуктивно здравје, а пристигаат и повеќе SDK за развој на видеоигри и додавање на можност за детекција на јаглеродмоноксид за HomeKit.

Нова верзија на Swift 2.0, програмскиот јазик за правање апликации за iOS и OS X, ќе биде достапна наскоро. Но, најголемата новина тука, покрај новите функции, е што Swift 2.0, односно неговите библиотеки, ќе бидат со отворен код. Наскоро ќе има и верзија што ќе може да се користи на Linux.

За прв пат Apple претстави и надградба за оперативниот систем за Apple Watch, watchOS 2. За жал без можност за пресметки да се прават директно на процесорот на часовникот, што значи дека апликациите од трети девелопери сè уште ќе бидат поврзани со iPhone и нема да функционираат доколку премногу се оддалечите од телефонот. Надградбата доаѓа без премногу опции, освен можноста за менување на ликот на часовникот, каде ќе може да бидат додадени фотографиите од албумите. Кружното копче на Apple Watch ќе овозможува разгледување на следните настани кои сте ги предвиделе, но и доаѓа и можност за развивачите да додадат сопствени информации кои ќе се прикажуваат со негово манипулирање. Часовникот ќе може да се поврзе и на Wi-Fi мрежа директно, наместо како досега да биде конектиран на интернет преку iPhone.

„One more thing“ оваа година е резервирана за Apple Music првиот Apple сервис кој ќе биде достапен и на Android. Сервисот ќе овозможи пребарување на музика која апликацијата ви ја препорачува или пребарување по iTunes. Препораките доаѓаат во зависност од која музика ја слушате и музичарите кои ви се допаѓаат. Заедно со музичкиот сервис најавено е и музичкото радио Beats1, предност за музичарите е што песните кои ќе ги објавуваат ќе бидат достапни на глобален пазар, но ова истовремено е и опасност дека ќе се загубат во морето на песни достапни на глобалното радио.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии