Се самоуби Аарон Швартз – Интернет активист, ко-основач на Reddit и ко-автор на RSS 1.0

Аарон Швартз, интернет активист и адвокат за отворено општество, ко-основач на Reddit и Creative Commons, ко-автор на првата верзија на RSS, после подолга борба со депресијата изврши самоубиство на свои 26 години.

Швартз во 2011 година беше уапсен поради преземање на 4 милиони академски објави од JSTOR (Journal Storage) и нивно бесплатно споделување преку p2p мрежите. Оптужен е за компјутерска измама, незаконско добивање на информациите од заштитен компјутер и нанесување на штета на заштитениот компјутер. Сепак, при крајот на минатата година, тужбата беше отфрлена и JSTOR своите магазини ги објави бесплатно.

На свои 14 години Швартз беше дел од тимот кој ја издаде првата верзија на RSS, а нешто подоцна ја стартуваше и компанијата Infogami, која подоцна стана Reddit. Исто така, беше и еден од ко-основачите на Demand Progress – онлајн група на активисти.

Во својата улога на активист, Швартз водеше битна со властите и законите против онлајн пиратеријата, подолу во видео можете да го погледнете и неговиот говор за SOPA (Stop Online Piracy Act).

[youtube]Fgh2dFngFsg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии