Се работи на мод кој ќе ја префрли Fallout 3 во Fallout 4 енџинот

Fallout 3 беше феноменална игра во толку многу погледи и успеа целосно да го револуционизира не само постапокалиптичниот серијал, туку и тектонски да ги помести границите на RPG жанрот. Но, времето не беше премногу дарежливо кон стариот енџин и, за многумина, Fallout 3 не е подеднакво „убава“ како што ја паметиме.

Тимот Road to Liberty мора да биле свесни за овој факт, затоа што од неодамна најавија дека макотрпно работат на мод кој ќе може да ја префрли Fallout 3 во Fallout 4 – неспоредливо помодерен и визуелно импресивен енџин.

Видеото одлично покажува како изгледа одреден дел префрлен во Fallout 4 енџинот, а исто така и бројните скриншотови на нивниот официјален сајт. Проблемот кој им се наметнува, меѓутоа, е барањето огромна временска посвета и знаење, нешто што не е можно ни без доволно голема работна сила. Fallout 3 е комплексно дигитално остварување и, како такво, не прифаќа компромиси во поглед на префрлување на огромната територија.

Во случај да имате желба да допринесете кон побрзо завршување на проектот, Road to Liberty тимот e спремен да ги прифати сите 2D и 3D уметници со раширени раце.

Патем, по Fallout 3 излезе Fallout: New Vegas, игра изработена од талентираните Obsidian, моментно најдобро познати по Pillars of Eternity играта. И на New Vegas работи тим, а тие се подлабоко навлезени во развојните фази.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments