Се работи на Life is Strange 2

Life is Strange ја раздрама гејмерската популација на повеќе од еден начин. Dontnod Entertainment создаде продукт кој со трогателната приказна, уникатниот гејмплеј систем и неодоливиот саундтрак вкопа длабоки ровови во гејмерската потсвест, до таа мера да првата сезона се продате во над три милиони примероци. Најблиску што слушнавме за некаков продолжеток во некаква форма беше Life is Strange дигитален серијал, но ни трага од информација за тоа дека би можело да се работи на продолжеток. Се до денес.

По се изгледа, француските издавачи Dontnod, работеле на втората Life is Strange паралелно со работата на нивното RPG остварување Vampyr.

„Работиме (на Life is Strange 2) уште од излегувањето на диск верзијата на првата игра од претходната година и не можеме да дочекаме да споделиме бројни новости со вас“, објаснуваат од студиото и додаваат да не очекуваме таквото нешто да се случи на Е3 затоа што продолжетокот е далеку од спремен за шоуто.

Dontnod Entertainment е студио формирано уште од 2008-та година и навлегоа во гејмерската индустрија пласирајќи го релативно успешниот продукт Remember Me. Life is Strange памети турбулентен и тежок процес на развивање, највеќе затоа што многу издавачки куќи не сакаа да ја издадат играта затоа што главниот лик бил женски. Според студиото, Square Enix биле единствените издавачи кои не сакале да ја менуваат нивната првобитна визија.

Првата епизода на Life is Strange и понатаму останува бесплатна на Steam, a Humble Bundle ја продаваат целата сезона со 75% попуст, со што ова се поставува како одличен период да ја проверите играта. Во случај да барате научно-фантастична игра која исто така се одликува со враќање на времето, дефинитивно проверете ја и македонската Sonder.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии