Со децении наназад, Star Trek серијалот преживува со една или друга доза на успешност. Најновата телевизиска серија го однесе серијалот во значително поразличен правец, но едно останува исто – вулканските уши.

Во случај да отсекогаш сте сакале да му дадете надворешна форма на гикот кој тлее во вас, следниве уши кои не се уши би можеле да се чекор во вистинскиот правец. Тоа, и учење клигонски за само пет минути дневно.

ThinkGeek започна да продава Star Trek безжични слушалки кои се дизајнирани во форма на ушите на најрационалните и најпрактичните суштества, што е двојно поинтересно кога ќе ја земете во предвид рационалната практичност на овие слушалки, и нивната боја која повеќе потсетува на помагалата за слушање отколку на слушалки кои се наменети да ја создадат илузијата на вулкански уши. Во овој момент, воопшто не знаеме зошто почнавме со текстот за вулкански уши. Можеби затоа што отсекогаш сме сакале да напишеме вулкански уши во секоја реченица од секој параграф. Во овој момент, пак, почнуваме да се прашуваме дали навистина проверивте дали фразата вулкански уши навистина ја има во секоја реченица од секој параграф.

Безжичните слушалките кои се трудат да изгледаат како вулкански уши чинат 35 евра и можат да издржат четири до пет часа зборување. Колку вие можете да го издржите исмејувањето од вашите пријатели подлегнува на други математички равенки кои не се наведени со упатството. Времето на полнење на вулканските сл(уши)лки е два часа. Во кутијата се наоѓа micro USB кабелче за полнење, како и цели три комплети од силиконски заштитни врвови како би можеле да ги одржувате вашите вулкански уши чисти од какво било надворешно влијание.

Вулканските уши се продаваат тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии