Се преиспитува скалестиот данок

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Една од помалку популарните мерки во бизнис секторот, воведување на скалест данок е барем привремено запрена. Примената на скалест данок е запрена во следните 36 месеци. Во овој период, доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти.

„Владата верува во праведно општество и верува во придобивките на прогресивниот данок на доход. Владата останува на ставот дека прогресивен данок може да ја подобри распределбата на доходот во системот, дека може да даде добри општествени ефекти и да резултира со поправедно и поразвиено општество. За да се постигне ваков ефект, прогресивниот данок треба да има оптимален дизајн, да биде донесен во консултативен процес со сите засегнати страни, да постојат ефикасни механизми за елиминирање на сивата економија и да има зајакната доверба во институциите кај сите нас.

Затоа, не станува збор за укинување на прогресивниот данок туку за ставање во мирување“, вели министерката Ангеловска

Скалестиот данок ќе биде во мирување од  1 јануари 2020, до 1 јануари 2023. Во овој период ќе се разгледаат оптималниот дизајн, ќе со консултираат засегнатите страни, ќе се работи на механизми за елиминирање на сива економија, а ова треба да придонесе и за зајакната доверба во институциите.

ИТ секторот беше еден од најзасегнатите со носење на скалестиот данок. Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) ја поздрави одлуката за запирање на скалестиот данок.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии